Потпишан Меморандум за соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци

Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на Ректорот на МИТ Универзитет Скопје, проф. д-р Маријан Стевановски и директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци г-дин Горан Трајковски.

На потпишувањето на меморандумот за соработка присуствуваа проректорот за наука на МИТ Универзитет Скопје, доц. д-р Катерина Вељановска и претставници од Дирекцијата за заштита на лични подaтоци.

Меморандумот за соработка беше потпишан во насока на остварување континуирана соработка и информирање на студентите и пошироката јавност за областа на дејствување на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Исто така со Меморандумот е предвидено реализирање на заеднички активности во насока на едуцирање и информирање на студентите од областа на правото на приватност како основно човеково право и опасноста од повреда на правото на заштита на личните податоци.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0