Посета на Центарот за управување со кризи

На 13.12.2016 година (вторник) студентите од Факултетот за безбедносни науки реализираа студиска посета на Центарот за управување со кризи, при што имаа можност да се запознаат со надлежностите, организациската поставеност и начинот на функционирање на оваа владина институција како дел од структурата на безбедносниот систем на Република Македонија.

Центарот за управување со кризи, како и Управувачкиот комитет и Групата за процена, е формиран заради предлагање одлуки и обезбедување постојани консултации, координација, навремена реакција, ефикасност и соодветно искористување на ресурсите што се на располагање во случај на кризна состојба, а и за обезбедување навремена, квалитетна и реална процена на загрозеноста на безбедноста на Република Македонија од ризици и опасности.

Повеќе информации за Центарот за управување со кризи може да се најдат на неговата официјална интернет страница http://www.cuk.gov.mk .

Приемот на студентите беше организиран во салата на Управувачкиот комитет, во рамки на ЦУК, а предавањето го одржа д-р Стевко Стефаноски, раководител на Секторот за аналитика, процени и стратешко планирање.

Презентацијата од предавањето може да ја погледнете тука.

Студентите зедоа активно учество во дискусијата за време на предавањето со нивни коментари, прашања, предлози и сл., а на крајот се заблагодарија за ваквата можност и изразија надеж за идни соработки.

Посетата беше остварена во рамки на предвидената програма по предметот Национална безбедност, под раководство на доц. д-р Кире Бабаноски.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0