Работилница: Кажи и НЕ на корупцијата - секое НЕ се брои

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата (9-ти декември), Факултетот за безбедносни науки на 07.12.2016 година (среда), организираше работилница на тема: „Кажи и НЕ на корупцијата - секое НЕ се брои!“.

Работилницата беше одржана од страна на членовите на младинската организација Анти Корупција Интернационал Македонија, која е официјално претставништво на меѓународната оргaнизација Anti Corruption International. 
Работилницата се базираше на современи методи и техники на неформалното образование со вклучени практични вежби, работа во групи, креативни методи за поттикнување на дискусија и изразување на ставови и сл.

Во текот на работилницата студентите најпрво беа запознати со целите на Анти Корупција Интернационал Македонија и им беше презентиран планот за нивната работа во иднина. Притоа се запознаа со поимот и дефинирањето на корупцијата, облиците, причините за појавување и негативните ефекти од неа. Посебен акцент беше ставен на состојбата со корупцијата во Република Македонија и светот. Низ практични примери и вежби студентите се запознаа и со алатките за борба против корупцијата кои се применуваат во развиените држави и во Република Македонија.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0