Предавање на тема: Примена на полиграфот при откривање на кривични дела и нивни сторители

На 06.12.2016 година (вторник) во 12:00 часот, во амфитеатар 1 на МИТ Универзитет, објект City Gallery, на покана на Факултетот за безбедносни науки и доц. д-р Кире Бабаноски, полициски инспектори од Лабораторијата за форензичка невропсихофизиологија и полиграфски испитувања при Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, одржаа предавање на тема: "ПРИМЕНА НА ПОЛИГРАФОТ ПРИ ОТКРИВАЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА И НИВНИ СТОРИТЕЛИ".

Во текот на предавањето беше презентиран полиграфот кој го користи Полицијата при откривање, разјаснување и расветлување на криминални настани, принципот и начинот на негово функционирање, методите и правилата на полиграфското тестирање, а беше прикажана и симулациска вежба на полиграфско тестирање во живо.

Студентите имаа можност да следат и предавање за Форензичка психофизиологија: проценка на физиолошките параметри во тек на полиграфското тестирање.

Предавањето побуди огромен интерес кај студентите од Факултетот за безбедносни науки и Факултетот за психологија кои на крајот поставија бројни прашања и се разви плодна дискусија за развојот и примената на полиграфот и полиграфското тестирање во светот и во Република Македонија.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0