Проекција на документарен филм и младинска дебата

Во организација на МИТ Центарот за кариера, Факултетот за менаџмент, Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија и невладината организација Младински сојуз, на 29.11.2016 (вторник), се одржа проекција на документарниот филм "Сиромавиот роднина" кој беше основа за поттикнување на дебата помеѓу студентите на МИТ Универзитет.

"Сиромавиот роднина" ги отсликува причините за корупција и злоупотребата на ЕУ средствата, ставени во контекстот на сиромаштијата, незнаењето и реалните проблеми на локалните заедници.

Документарниот филм е финансиран од програмата “Europe for Citizens” и ја претставува реалноста и предизвиците на малите заедници од 6 различни европски земји, преку перспективите на локалците за влијанието на ЕУ фондовите во нивните заедници (Крушево -Македонија; Јоргос Kараискакис - Грција; Чавдар и Пирдоп -Бугарија; Бујановац - Србија; Бакау - Романијa; Калтанисета - Италија).

Поради комплементарноста на факултетите од општествените науки и тематиката на дебатата  која се однесуваше на европски фондови, користење и злоупотреба на средства, овој настан претставуваше одлична можност за студентите да дискутираат и да ги соочат своите ставови од различни аспекти – економски, правни, безбедносни, како и да се мотивираат да преземаат активни чекори на одговорни граѓани во рамките на нивните можности на делување.

Студентите имаа можност и поблиску да се запознаат со начинот на функционирање на една младинска организација (Младински сојуз) како и можност да остварат директен контакт и да се вклучат во идни проектни активности кои за нив се поле на интерес.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0