Предавање на тема: Нуклеарното разоружување во мултиполарниот свет

На 24.11.2016 година (Четврток) во амфитеатарот 1 на МИТ Универзитет - Скопје, објект Центар (City Gallery), претставници од Невладината организација „Млади за разоружување“ и здружението „Поддршка-Право-Пристап-Србија“ во рамките на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје – ICAN, пред студентите од Факултетот за безбедносни науки одржаа предавање на тема „Нуклеарното разоружување во мултиполарниот свет.

Марко Вучковиќ и Стефан Станковиќ од Факултетот за безбедност при Универзитетот во Белград говореа за Нуклеарниот арсенал во светот и за Последиците од нуклеарното оружје. Стефан Стојановски, Викторија Црнеска и Орхидеа Деаноска ги споделија нивните искуства како учесници на II-от Меѓународен семинар за хуманитарно разоружување одржан во мај во Белград.

На предавањето присуствуваа студенти и претставници од наставно-соработничкиот кадар на МИТ Универзитет. Тезите кои беа изнесени од страна на предавачите побудија интерес кај присутните, што резултираше со плодна дискусија и дебата.

На присутните им беа поделени книги и брошури во издание на ICAN во врска со нуклеарното оружје и неговото укинување. Присутните на предавањето се согласија дека во современото живеење е потребно промовирање и втемелување на основните вредности и принципи за мирно решавање на конфликтите, преку не користење на вооружени сили, а пред сè, промоција на забраната за користење на нуклеарното оружје кај младите.

Предавањето беше реализирано на покана на Факултетот за безбедносни науки, а по иницијатива на доц. д-р Кире Бабаноски. Благодарност до предавачите за одличниот настан.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0