ДЕН НА ПОСЕТА НА МУЗЕИ

На 16.11.2016 година студентите од Факултетот за безбедносни науки во рамките на предметните програми по Основи на безбедност и Национална безбедност кај доц. д-р Кире Бабаноски, реализираа студиски посети на:

- Музејот на Република Македонија (историското одделение), - Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија и - Музејот на македонската борба.

Музејското водење низ изложбените поставки беше со водич посебно од секој музеј.

- Во Музејот на Република Македонија, студентите се запознаа со историската поставка која ја претставува духовната, културната и политичката историја на македонскиот народ од османлискиот период до крајот на Втората светска војна.

- Во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, кој е сместен на местото на некогашното Еврејско маало во Скопје, студентите преку мултимедијалните содржини се потсетија на настраданите 7.148 Евреи од Македонија за време на холокаустот и историјата на Евреите на Балканот.

- Во Музејот на македонската борба студентите имаа можност да видат документи, фотографии, оригинални предмети и оружје, масовни уметнички сцени, портрети, восочни фигури, амбиентални решенија итн., кои го оживуваат историското време на Македонија во XIX и XX век.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0