Посета на Националниот координативен центар за гранично управување

На ден 01.11.2016 година (вторник) во периодот од 10:00-12:00 часот студентите од втора година на Факултетот за безбедносни науки во рамките на предметот Национална безбедност кај доц. д-р Кире Бабаноски, остварија посета на Националниот координативен центар за гранично управување.

Студентите ги прими Координаторот на овој центар, проф. д-р Гоце Џуклески, кој појасни дека овој центар е координативно тело на Владата на Република Македонија, кое има за цел ефикасна координација, олеснување на размена на податоци и информации и поголема интеграција во граничното управување.

Во текот на теоретското предавање и преку практичните вежби кои ги изведоа, студентите се запознаа со организациската структура, делокругот на надлежности и функциите, како и начинот на координирање на офицерите за врска од институциите кои се дел од системот за интегрирано гранично управување. Преку посетата на дежурниот оперативен центар ја воочија проблематиката која постои во реално време и начинот на справување со предизвиците, при што имаа можност да ја видат и опремата со која располага оваа институција.

Студентите зедоа активно учество во дискусијата за време на предавањето со нивни коментари, прашања, предлози и сл., а на крајот се заблагодарија за ваквата можност и изразија надеж за идни соработки.

На проф. д-р Гоце Џуклески му беше врачена Благодарница за реализираното предавање.

Повеќе информации за овој центар може да се најдат на неговата официјална интернет страница http://www.igu.gov.mk

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0