СТУДИСКА ПОСЕТА НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

На 06.11.2018 година студентите од Факултетот за безбедносни науки реализираа студиска посета на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Студентите беа примени и поздравени од страна на шефот на Мисијата, Амбасадорот г-дин Клеменс Која.

 

Во текот на посетата студентите имаа можност да проследат предавање за работата и функционирањето, надлежностите, задачите и структурата на ОБСЕ, од страна на заменик шефот на Мисијата, г-дин Џефри Голдстајн.

 

Подетални информации за мандатот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, од аспект на преземените активности во областа на борбата против тероризмот (вклучително и екстремизмот и радикализмот кои водат кон тероризам) беа презентирани од страна на советникот за борба против тероризам/насилен екстремизам г-дин Серкан Серин, а за аспектот на заштита на човековите права (особено поддршката која ОБСЕ ја пружа на националните институции во справувањето со кривичните дела од омраза и говорот на омраза) презентација имаше националниот офицер за владеење на правото, д-р Воислав Стојановски. 

 

Студентите беа особено заинтересирани за работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, па на крајот од предавањет поставија повеќе прашања на предавачите. 

 

Изразуваме особена благодарност за соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0