СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЕДИНИЦАТА ЗА СЛУЖБЕНИ КУЧИЊА

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и МИТ Универзитет, на 31.10.2018 (Среда) студентите од Факултетот за безбедносни науки реализираа студиска посета на Единицата за службени кучиња каде имаа можност да проследат предавање за работата, делокругот на надлежности и капацитетите на оваа единица. 
 
Во рамките на посетата студентите имаа можност да присуствуваат и на показна практична вежба на тамошниот полигон, при што службените кучиња трагаа по експлозив, дрога и банкноти и за многу кратко време успеаја да ги пронајдат.
 
Изразуваме благодарност за соработката на припадниците на единицата со нашиот универзитет и им посакуваме успешна работа во иднина.
 

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0