ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА ЗА СТУДЕНТИТЕ ВО ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Согласно потпишаниот меморандум за соработка на Црвениот крст на Република Македонија со МИТ Универзитетот на 30 октомври 2018 година се одржa дисеминациска сесија за студентите од Факултетот за безбедносни науки при МИТ Универзитетот за промовирање на работата на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, националното друштво, почитување на меѓународното хуманитарно право и улогата и можностите за соработка.

Дисеминациската сесија пред студентите опфати повеќе поглавја од работата на Движењето и МХП: краток осврт на историјата на Движењето, основните принципи, амблемите на Движењето и нивната показна и заштитна улога, Женевските Конвенции од 1949 година и Дополнителните Протоколи кон Женевските Конвенции од 1977 и 2006 година, програмските области на дејствување на Црвениот крст на Република Македонија како и искуствата на Црвениот крст на Република Македонија од активностите за време на катастрофите и вонредните состојби во Република Македонија и соседството во последната деценија. 


Посебен акцент се стави на подобро запознавање на студентите со местото и улогата на Црвениот крст на Република Македонија при вонредни состојби како и тековните програми и проекти на националното друштво.


Дисеминациската сесија беше пропратено и со видео содржина „Правила на војување“ кое ги истакнува основните елементи на Меѓународното хуманитарно право и улогата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина за време на вооружени судири.


Искажуваме јавна благодарност до Црвениот крст на Република Македонија за соработката со МИТ Универзитет и Факултетот за безбедносни науки.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0