МИТ Универзитет стана членка на Меѓународната асосијација на универзитети

МИТ Универзитет Скопје стана член на Меѓународната Асоцијација на Универзитети (МАУ), која е светска асоцијација на институции за високо образование, основана во 1950 година и базирана на принципите на УНЕСКО.

МАУ обединува институции и организации од 120 земји за да размислуваат и дејствуваат на заеднички проблеми и да соработуваат со разни меѓународни, регионални и национални тела, кои се активни во високото образование, чија примарна цел е да шират знаење.

Уставот на МАУ ги идентификува следниве основни академски вредности кои ја дефинираат улогата на институциите за високо образование:

- академската слобода во ширењето на знаење;
- институционална автономија избалансирана со општествената одговорност;
- совршеност како стандардна мерка за ефикасноста;
- спротивставувањето на сите форми на дискриминација врз основа на пол, раса, религија или етничка припадност;
- почитување на различни мислења;
- промовирање и развој на меѓукултурниот дијалог и учење;
- слобода на академската мобилност и унапредување на интернационализацијата на знаење;
- промовирање на човековите права, правда, слобода, достоинство и солидарност.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0