Одржана обука: „Управување, менаџмент на ризици и контролни порцеси“

МИТ Универзитет - Скопје во соработка со Здружението на внатрешни ревизори на 29.06.2018 година организираше обука на тема "Управување, Менаџмент на ризици и контролни процеси".
Во рамките на обуката беше укажано дека доброто корпоративно управување, менаџментот со ризици и ефективноста на интерните контроли имаат клучна улога за успешно остварување на деловните цели на организацијата. Функционалниот систем на интерни контроли придонесува за заштита на вредностите и средствата на организацијата. Внатрешната ревизија во својата срцевина го има стандардот IIA 2100. 

Актуелни предизвици се:
1) Несоодветен “tone at the top” / Пасивна улога на Управувањето во менаџмент со ризици
2) Управувањето со ризик не е поврзано со стратегијата
3) Недостаток на јасно дефиниран апетит за ризик
4) Трите линии на одбрана не работат координирано и ефективно
5) Контролен радар со слаб ефект на превентивни и детективни дојави

Корпоративните цели, со нивната организациона поставеност и контролната средина во која делуваат континуирано еволуира, и како резултат на тоа ризиците кои се присутни истотака постојано се менуваат. Успешноста на менаџментот со ризици и интерниот контролен систем зависат од редовната и темелна евалуација на нивната изложеност со актуелните ризици од кои зависи во голема мерка степенот на остварување на корпоративните цели и вредности.
Предавачи на обуката беа:
СЛОБОДАН ДИМИТРОВСКИ CIA, CGAP, CCSA, CAE КАМ Холдинг
ИВАН ИГЊАТОВ ОДР, OCB, CMC, ISO/IEC Assistant General IPA Auditor
Секој учесник на крајот од обуката доби сертификат за учество и успешно реализирана обука.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0