Одржана работилница „Движење со Психодрама кон човекови права, кон Социодрама и обратно“

На 23 и 24 јуни, на МИТ Универзитет, Факултет за психологија, во соработка со Центарот за психотерапија АМИГДАЛА, се одржа работилница на тема „Движење со Психодрама кон човекови права, кон Социодрама и обратно!“

Оваа работилница им помогна на учесниците да ја согледаат својата лична приказна во рамки на актуелната состојба во општественото окружување, да го осознаат личниот и социјалниот идентитет како дел од паралелни процеси со колективниот идентитет на групата. Работилницата ја водеше Софија Симеониду, која е главен тренер и директор на Центарот за проучување и примена на психодрама во Солун, член на FEPTO - Federation of European Psychodrama Training Organisations. 

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0