Одржана обука „Одвраќање на измами и одговор кон инциденти"

МИТ Универзитет - Скопје во соработка со Здружението на внатрешни ревизори на 27.04.2018 организира обука на тема "FRAUD DETERRENCE AND INCIDENCE RESPONSE" / "Одвраќање на измами и одговор кон инциденти".
Специјални предавачи на обуката беа:
- Иван Игњатов, ОДР, OCB, CMC, ISO/IEC, Assistant General IPA Auditor 
- Атанас Карајковски, Инспектор / Истражител, Финансиска полиција 

Во текот на обуката беше презентирано дека според најновиот извештај "Report to the nations 2018" ACFE - Association of certified fraud examiners, организациите губат во просек 5% од годишните приходи поради измама. Притоа учесниците беа запознати и со 5те клучни „red flags“ со кои се откриваат измамниците:
1 животен стил над можности,
2 финансиски потешкотии,
3 невообичаена блиска соработка со купувачи / добавувачи,
4 фамилијарни проблеми и
5 неподготвеност да споделува должности.
Како заклучок од обуката произлезе дека е потребно да бидеме свесни и да ја прифатиме веројатноста дека ова можеби веќе се случува кај нас и со нашите деловни активности. Во различни сектори на една организација, може да постојат различни видови на ризици од измама. Најголем дел од организациите прават грешка што реагираат пасивно и корективно кон ризикот од измама, кога е веќе предоцна. Добра вест се најновите трендови и модели „DATA MONITORING / ANALYSES“ и „SURPRISE AUDITS“ кои влијаеле на редукција на измамите за побрза детекција (54%) и намалена штета (51%) ! 
Секој учесник на обуката доби примерок од "Report to the Nations 2018", како и сертификат за учество и успешно реализирана обука.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0