Предавање и работилница од областа на компјутерскиот криминал

Во рамките на клиничката настава во организација на Факултетот за безбедносни науки на 09.05.2018 година беше одржано предавање со работилница од страна на д-р Марија Ѓошева од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија како истакнат стручњак од практиката. 

Темата на предавањето беше "ЗНАЧЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ДОКАЗИ ПРИ РАСВЕТЛУВАЊЕ НА КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА КОМПЈУТЕРСКИОТ КРИМИНАЛ" при што беше одржана и работилница за начинот на обезбедување на електронските докази и составување на кривична пријава за извршено кривично дело од областа на компјутерскиот криминал.

Во рамките на работилницата студентите имаа можност да работат на откривање и предлагање оперативно-тактички мерки и активности и истражни дејствија во насока на расветлување на злоупотреба на платежни картички на интернет, злоупотреба на деца на интернет, оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци. 

На крајот од предавањето на предавачот д-р Марија Ѓошева и беше доделена благодарница од страна на Деканот на Факултетот за безбедносни науки.

Предавањето беше во согласност со потпишаниот Меморандум за соработка и разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и МИТ Универзитетот.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0