СТУДИСКА ПОСЕТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА СУДСКА МЕДИЦИНА, КРИМИНАЛИСТИКА И МЕДИЦИНСКА ДЕОНТОЛОГИЈА

Студентите од Факултетот за безбедносни науки на 12.12.2018 година остварија студиска посета на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.


Во рамките на посетата имаа можност да се запознаат со работата, функционирањето, делокругот на надлежности и организациската поставеност на Институтот и особено неговата улога во рамките на криминалистичкото истражување и откривање на кривичните дела и нивните сторители.


На почетокот студентите ја посетија салата каде се вршат обдукции и се запознаа поконкретно со процесот на вршење обдукција, одговорите до кои се доаѓа и поставувањето на верзии за текот на настаните поради кои настапила смртта.


Посебно се запознаа и со работата на биолошката, криминалистичката и ДНК лабораторијата, каде им беа појаснети начините и процесите на функционирање, примањето на примероци за анализа, вештачењата, методите на анализи, како и извештаите (наодите и мислењата) кои се составуваат по завршувањето на лабораториските тестирања. 


Студентите поставуваа бројни прашања и беа особено заинтересирани за процесот на ДНК анализа и испитувања заради идентификација на лица, утврдување на татковство и мајчинство и сл.


Упатуваме благодарност до докторите во Институтот за гостопримството и одговорите на сите наши прашања.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0