ПРОЕКЦИЈА на ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ (ИОМ)

Како резултат на произлезена соработка помеѓу Агенцијата на Обединети нации за миграции (ИОМ) и МИТ Универзитет – Скопје, во согласност со наставно-практичната програма на Факултетот за безбедносни науки, оваа година Универзитетот учествува во потесен круг на соработници на Агенцијата, во рамките на реализација на програмата “Глобален миграциски филмски фестивал (GMFF)“.


За таа цел, на 11.12.2018 година, на МИТ Универзитет се одржа промоција на документарен филм од областа на миграциите и трговијата со луѓе, ексклузивно изработен за потребите на ИОМ. 

 

Целта на овој Фестивал е да се користат филмовите како едукативни алатки кои влијаат врз перцепциите и ставовите кон мигрантите, со привлекување внимание кон социјалните прашања и создавање безбеден простор за соодветна дебата и интеракција.

 

Исто така, Фестивалот е иновативна креативна авенија за нормализирање на дискусиите за миграцијата преку раскажување приказни, и претставува алатка за застапување која може да привлече внимание кон целите на одржливиот развој на Обединетите нации (SDGs), со што им помага на сите нации додека работат на заедничка основа.

 

Студентите при МИТ Универзитет имаа можност да се запознаат со безбедносните аспекти во процесот на справување со миграцијата и предизвиците од тој домен, како и да учествуваат во сесија модерирана од страна на претставник на ИОМ во врска со споделување на своите лични импресии и видувања на проблематиката, по проследување на документарниот филм.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0