Одржано финале на едукативно-културниот проект „МИТ Универзитет го избира најкомплетниот матурант во Република Македонија“

Полуфиналистите од цела Македонија на 05.05.2018 година беа поканети во свечениот амфитеатар на МИТ Универзитет да бидат дел од големото финале.

Низ пет рубрики - претставување, дебата, ораторство, решавање на проблемски ситуации и покажи што знаеш, матурантите ги презентираа своите знаења, вештини, карактеристики и способности на образовно, културно и социјално ниво.

Сите учесници во финалето добија финансиски бенефиции за студирање на МИТ Универзитет.
Најкомплетните матуранти кои освоија прво, второ и трето место беа наградени со три, две и едно годишна стипендија.

- 1 - место освои Пепита Манџиковска 
- 2 - место освои Бисера Илиеска 
- 3 - место освои Дарко Тошиќ

Преку овој проект МИТ Универзитет уште еднаш ја истакна реализацијата на веќе воспоставената општествено-одговорна политика.

Им благодариме на сите учесници во овој проект и ги очекуваме на нашиот Универзитет!

НАЈДОБРИТЕ СТУДИРААТ НА МИТ!

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0