ОДРЖАНА ОБУКА: "БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА"

МИТ Универзитет - Скопје во соработка со Здружението на внатрешни ревизори на 27.04.2018 организира обука на тема "Безбедност и здравје при работа".
Специјални предавачи на обуката беа Борче Стојчевски, дипл. инж. заштита при работа и Димитар Ангелковски, факторинг експерт.

На овој еднодневен тренинг беа опфатени 2 актуелни теми:

1. Безбедност и здравје при работа

- На првиот дел од тренингот беа презентирани знаења за тоа зошто е важна безбедноста и здравјето при работа, која е логиката на имплементацијата? Како истата се имплементира во ревизорската работа, кои се ризиците?
Притоа беа опфатени и основните начела на безбедноста и здравјето при работа, законските аспекти на безбедноста и здравјето при работа (права и одговорности), како и проценката на ризици во безбедноста и здравјето при работа. 

2. Факторинг

- Што е факторинг, кои се условите и придобивките од факторингот? Како компаниите ја обезбедуваат својата ликвидност и пристапот до финансиски средства на краток рок?

На крајот од обуката на учесниците им беа доделени Сертификати за учество.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0