МИТ Универзитет

МИТ Универзитет е млад универзитет со големи амбиции и визии за престиж во високото образование втемелено на големите потенцијални можности создадени од менаџерскиот тим и од тимот на врвни професори и научни работници. МИТ Универзитет во рамките на своите интегрирани единици од повеќе факултети нуди лепеза од научни дисциплини кој се нужно потребни на современите текови на живеење. Менаџментот кој е суштината на раководење и организирање на секоја дејност се изучува на факултетот за менаџмент кој нуди повеќе модули преку кои студентот се профилира во кадар теоретски и практично обучен во својата област. Денес светот не може да се замисли без компјутери и информатички науки, за таа цел факултетот за компјутерски науки и технологии остручува кадри конкурентни на светските информатичари. Глобалните проблеми со екологијата, храната, водата и условите за живот нé наведоа на фактот за стручно приоѓање на овие проблеми и нивно решавање со помош на науката. Токму ова го овозможува факултетот за менаџмент на еколошки ресурси со наставните програми за менаџирање со води, аграр и безбедност на храна. Компаратив на овој факултет е факултетот за менаџмент на туризам со посебен акцент на еколошкиот и рурален туризам и националната гастрономија, бидејќи светот е заситен од урбаниот и нездрав живот и е во постојана потрага по алтернативни места за одмор и рекреација. Придонес на ова дава и сопствениот еколошки кампус, лоциран во Македонски Брод (Пешна-Дедо Илија) каде што гостинот е послужен со здрава храна во еколошки здрава и незагадена околина.

Факултет за архитектура е потреба на секое општество, градителството реализирано преку идејата на архитектонскиот уметник е дело кое останува за идните генерации, токму на тоа се учат и нашите студенти, идни дипломирани инженери архитекти на факултет за архитектура. Следејќи ги интересите и потребите на студентите, од оваа година кај нас ќе можат да студираат и на факултетот за безбедност криминологија и финансиска контрола, факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија, факултетот за психологија и воздухопловниот колеџ. Сите програми за факултетите се изработени од врвни професори и стручњаци едуцирани во престижните светски универзитети. Програмите се компатибилни со Европските програми, предавањата се изведуваат на македонски и англиски јазик, воведен е ЕКТС системот со можност за пренос на кредити, дипломи и додаток на дипломи (diploma supplement), сé со цел на нашите студенти да им овозможиме едноставно преминување на и од други Европски универзитети, притоа овозможувајќи им рамноправно учество на европскиот пазар на знаење. Ваквиот начин на студирање им овозможува и на студентите кои се државјани на други земји, да ги користат нашите услуги во делот на образованието и науката.

МИТ Универзитет е извор на знаења во кои се испреплетени теоријата, праксата и науката. За таа цел создадовме и свои научно- истражувачки лаборатории во кои секојдневно заедно работат нашите професори, студенти и еминентни светски стручњаци, а своите врвни научни резултати ги имплементираат во стопанството. Со цел оваа ризница од врвни достигнувања да се презентира пред светската научна јавност, со свои трудови учествуваме на многу меѓународни симпозиуми и конфереции.

Биди креативен, биди храбар и студирај со најдобрите.

М-р Билјана Апостолова
Генерален директор на МИТ Универзитет – Скопје

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0