МИТ Универзитет

Во согласност со член 57 и 108 од Законот за високо образование (Службен весник на Р.М. бр. 35/2008),  МИТ Универзитетот - Скопје, со седиште на ул. Трета Македонска Бригада 66 а, од Скопје,  објавува

 

К  О  Н  К  У  Р С

За запишување студенти во академската 2017/2018 година

 

 I.         БРОЈ НА СТУДЕНТИ КОИ ЌЕ СЕ ЗАПИШУВААТ

Во прва студиска година, во академската 2017/2018 година на МИТ Универзитет Скопје, на прв и втор циклус на студии ќе се запишат вкупно 660 студенти на следните факултети:

1.Факултетот за архитектура, (3+2)

архитектура (I циклус)

- архитектонско проектирање (II циклус)

- урбанизам (II циклус)

- ентериер (II циклус )       

2. Факултетот за менаџмент (3+2)

- бизнис менаџмент ( I и II  циклус)

- здравствен менаџмент ( II  циклус)

- финансиски менаџмент ( II  циклус)

3.Факултетот за  менаџмент на еколошки ресурси (3+2)

- менаџмент на еколошки ресурси ( I и II циклус)

- безбедност на храна ( I и II циклус )

- агробизнис (I и II циклус)

4.Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија (3+1+1) и (3+2)

правни науки (I и II циклус)

- административно право (II циклус)

- казнено право (II циклус)

- меѓународни односи и дипломатија (II циклус)

5.Факултет за безбедносни науки (4+2)

- безбедност (I и II циклус)

- криминологија (I и II циклус)

6.Факултет за психологија (3+2)

психологија (I и II циклус)

II. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

1. Услов за запишување на прв циклус додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во академската 2016/2017 година и  положена државна матура или меѓународна матура.

2. Право за запишување на прв циклус додипломски студии можат да имаат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно образование со четиригодишно траење, доколку на конкурсот не се јават доволен број кандидати кои ги исполнуваат условите од точка 1.

3. Услов за запишување на прв циклус додипломски студии за лица кои завршиле образование во учебната 2007/2008 год. и порано е завршено четиригодишно средно образование во средни училишта, кои се верифицирани од страна на Министерството за образование и наука.

4. Право за запишување на прв циклус додипломски студии имаат и кандидати државјани на Република Македонија, кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани кои имаат нострифицирани свидетелства за завршено средно образование во странство.

5. Студирањето се изведува во просториите на МИТ Универзитетот или преку далечинско учење (distance learning).

6. Наставата се одвива на македонски јазик, англиски јазик или на јазиците на народностите во Република Македонија (во зависност од бројот на пријавените кандидати).

7. Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти по студиските програми наведени погоре.

8. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен  испит.

9. Предност имаат кандидатите со поголем успех, вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите можат да освојат најмногу 100 поени и тоа:

- Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60 %,

Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит учествува со 40%.

10. Основни критериуми за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус додипломски студии за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.

11. МИТ Универзитет обезбедува стипендии и тоа:

- ослободување на целосна партиципација на школување за 10 кандидати,

- ослободување од партиципација за првата година од школување за 10 кандидати,

 - ослободување од партиципација во висина од 50% од вредноста на школување за 10 кандидати,

 - ослободување од партиципација во висина од 20% од вредноста на школување за 10 кандидати.

Стипендиите ќе се доделат на кандидати кои:

- имаат постигнати врвни резултати на домашни и меѓународни натпревари за иновативност, претприемништво и сл. (доказ приложување на оригинални документи)

- кандидати кои ќе учествуваат на квизот на знаење кој ќе биде одржан во просториите на МИТ Универзитет, датата и терминот на одржување на квизот на знаење во области ќе биде објавен на веб страницата на МИТ Универзитет: www.mit.edu.mk

Подетални информации на www.contact@mit.edu.mk.

III.       РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

1. Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши од 04 јуни до 15 октомври 2017 година.

IV.       ПОСТАПКА ЗА КОНКУРИРАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

1. Ректорската управа формира Конкурсна комисија која ќе изврши вреднување на кандидатите и ќе објави прелиминарна листа на која кандидатите ќе можат да поднесат приговор. Приговорите се поднесуваат до Ректорската управа на универзитетот која донесува конечна одлука по приговорот. Во случај на неисполнети квоти, факултетите имаат право да запишуваат дополнителен број на студенти при што не смее да се надмине вкупниот број од 660 студенти, запишан во академската 2017/2018 година

2. Кандидатите склучуваат договор за студирање со Универзитетот.

V.        ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СТУДИИТЕ

Времетраење на студиите согласно Болоњската конвенција и Решенијата за акредитација на студиските програми на МИТ Универзитет изнесува од три до шест академски години (на прв и втор циклус) во зависност од запишаниот факултет.

VI.       ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето за запишување, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. Пријавен лист за запишување (го добиваат на Факултетот);
  2. Оригинални свидетелства од сите класови и соодветни документи за завршена државна матура (за студентите кои се запишуваат на прв циклус - додипломски студии)
  3. Диплома за завршен прв циклус - додипломски студии (за студентите кои се запишуваат на втор циклус – постдипломски студии);
  4. Извод од матичната книга на родените и
  5. Доказ за државјанство на РМ
  6. Две фотографии

Кандидати - странски државјани:

1. Оригинална диплома и уверение за положени испити од средно образование со   нострификација;

 2.  Лекарско уверение;

3.  Извод од родените;

4.  Потврда за неосудуваност;

5.  Потврда за постојано место на живеење;

6.  Потврда за гаранција;

7.  Здравствено осигурување;

8   Две фотографии.

 

Документите се доставуваат секој ден од понеделник до петок од 08 до 16 часот, во просториите на МИТ Универзитет во Скопје или преку пошта.

МИТ    Универзитет -  Скопје

Врз основа на член 57 од Законот за високото образование, Ректорската управа на МИТ Универзитет Скопје, распишува:

К О Н К У Р С

ЗА ТРАНСФЕР СО УПИС НА СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО АКАДЕМСКАТА 2016/2017 ГОДИНА

Трансфер со упис на прв и на втор циклус на студии се врши на следните факултети во состав на МИТ Универзитет:

- Факултет за правни науки,меѓународни односи и дипломатија
- Факултет за безбедносни науки
- Факултет за архитектура
- Факултет за психологија
- Факултет за менаџмент на еколошки ресурси
- Факултет за менаџмент

• Право на трансфер и упис на студии на МИТ Универзитет имаат сите студенти од други високообразовани установи, кои имале запишано најмалку една 1 академска година или дипломирале на високо образовната установа од која доаѓаат.

• Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа.

• Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование.

Трансфер и упис на студентите ќе се врши заклучно со 10 Февруари 2017.

Потребни документи за аплицирање за трансфер за упис:

- Приемен лист (образец од МИТ Универзитет);
- Исписница од високообразовната установа од која се врши трансферот ( во оригинал );
- Уверение за положени испити ( во оригинал );
- Диплома за завршено средно образование и сведителства од сите години (за трансфер и упис на прв циклус студии), односно Диплома или Уверение за завршен прв циклус студии (за трансфер и упис на втор циклус);
- Извод од матична книга на родените;
- Уверение за државјанство.
- Уплатница 18.510,00 денари како депозит за школарина.

Трансферот на студенти ке се врши со школарина од 300 евра по семестар во денарска против вредност.

Дополнителни информации може да добиете на contact@mit.edu.mk или 078 268268, 076 319319

На ден 30.12.2016 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на МИТ Универзитет – Факултет за менаџмент на еколошки ресурси, кандидатот м-р Бојан Митровски ќе ја брани својата докторска дисертација под наслов „Управување со рибниот фонд и можности за зголемување на производството на риби во Република Македонија (со посебен осврт на контролата на еко системите за одгледување на калифорниска пастрмка)“.


МИТ УНИВЕРЗИТЕТ - СКОПЈЕ

 
Во согласност со член 57 и 108 од Законот за високо образование (Службен весник на Р.М. бр. 35/2008), МИТ Универзитетот – Скопје, со седиште на ул. Трета Македонска Бригада 66 а, од Скопје, објавува

К О Н К У Р С

За запишување студенти во академската 2016/2017 година

БРОЈ НА СТУДЕНТИ И ФАКУЛТЕТИ НА КОИ СЕ ВРШАТ УПИСИ

Во прва студиска година, во академската 2016/2017 година на МИТ Универзитет – Скопје, на прв и втор циклус на студии ќе се запишат вкупно 660 студенти на следните факултети:

1. Факултетот за архитектура, (3+2)

-архитектура (I циклус)
-архитектонско проектирање (II циклус)
-урбанизам (II циклус)
-ентериер (II циклус)

2. Факултетот за менаџмент (3+2)
3. Економски факултет (4+2)

– менаџмент
– маркетинг
– финансии, банкарство и осигурување
– сметководство и ревизија

4. Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси (3+2)

– менаџмент на еколошки ресурси (I циклус)
– безбедност на храна ( I и II циклус)
– агробизнис (I и II циклус)
– управување со одпад (II циклус)
– менаџмент на води (II циклус)
– менаџмент на животински и растителен свет (II циклус)

5. Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија (3+1+1) и (3+2)

-правни науки (I и II циклус)
-административно право(II циклус)
-казнено право(II циклус)
-меѓународни односи и дипломатија (II циклус)

6. Факултет за безбедносни науки (4+2)

-безбедност (I и II циклус)
-криминологија (I и II циклус)

7. Факултет за психологија(3+2) (I и II циклус)

Погледнете го целиот Конкурс за запишување студенти во академската 2016/2017 година

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето за запишување, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. Пријавен лист за запишување (го добиваат на Факултетот);
2. Оригинални свидетелства од сите класови и соодветни документи за завршена државна матура (за студентите кои се запишуваат на прв циклус-додипломски студии);
3. Диплома за завршен прв циклус – додипломски студии (за студентите кои се запишуваат на втор циклус – постдипломски студии);
4. Извод од матичната книга на родените и
5. Доказ за државјанство на РМ

Документите се доставуваат секој ден од понеделник до петок од 08 до 16 часот, во просториите на МИТ Универзитет во Скопје.

УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

1. Услов за запишување на прв циклус додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во академската 2015/2016 година е положена државна матура или меѓународна матура.
2. Право за запишување на прв циклус додипломски студии можат да имаат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно образование со четиригодишно траење, доколку на конкурсот не се јават доволен број кандидати кои ги исполнуваат условите од точка 1.
3. Услов за запишување на прв циклус додипломски студии за лица кои завршиле образование во учебната 2007/2008 год. и порано е завршено четиригодишно средно образование во средни училишта, кои се верифицирани од страна на Министерството за образование и наука.
4. Право за запишување на прв циклус додипломски студии имаат и кандидати државјани на Република Македонија, кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани кои имаат нострифицирани свидетелства за завршено средно образование во странство.
5. Студирањето се изведува во просториите на МИТ Универзитетот или преку далечинско учење (distance learning).
6. Наставата се одвива на македонски јазик, а Универзитетот организира и настава по англиски јазик за студиските програми наведени погоре под број 2,5 и 8 од глава 1, доколку се пријават доволен број кандидати.
7. Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти по студиските програми наведени погоре.
8. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.
9. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите можат да освојат најмногу 100 поени и тоа:
– Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60 %,
– Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит учествува со 40%.
10. Основни критериуми за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус додипломски студии за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.

МИТ Универзитет обезбедува стипендии за 10 најдобри студенти со постигнати врвни резултати на домашни и меѓународни натпревари за иновативност, претприемништво и сл.

Факултетот за Правни науки, меѓународни односи и дипломатија при МИТ Универзитет – Скопје се одзва на покана за учество на Студентски собир, манифестација на која учествуваат сите поголеми универзитети во Република Македонија.

Станува збор за Студентски собир по повод 9 Мај, Денот на Европа, организиран од Европско движење во Република Македонија, Делегацијата на ЕУ во РМ и Фондацијата Конрад Аденауер. Манифестацијата се одржа на 4 мај (среда) 2016 год. на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола, и беше поделена во два дела:

  • – Студентска дебата на која учество земаа студенти од осум универзитети на тема: „Чекајќи ја европската интеграција: отселување од државата или борба за подобри можности на младите”.
  • – Натпревар во ораторство на кој присуствуваа по 3 учесника од секој универзитет, на тема: „Долго време пред портата на Европската Унија: каде е клучот?”

За првпат оваа година учество земаа и студентите од Факултетот за Правни науки, меѓународни односи и дипломатија при МИТ Универзитет – Скопје, и тоа како оратори: Орхидеа Деаноска, Јована Илиевска и Софија Пецева, додека во студентската дебата учествуваа Давид Хауптфелд, Џенет Велиу и Емилија Аврамова. Во подготовка на студентите за ораторските говори и нивното учество во студентската дебата работеа доц. д-р Вида Поповска Кочишка, асс. м-р Марија Вељовска Кондовска и доц. д-р Александар Китановски.

Манифестацијата им овозможи на студентите да дебатираат за Европската унија, за младинските перспективи, но и слободно и гласно да ги изразат своите мислења и своите чувства за многу теми поврзани со ЕУ, но и за актуелните проблеми кои постојат во нашата земја. Тимот од Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија направи одлично претставување како на факултетот,така и на МИТ Универзитет. Потврда за ова се и добиените сертификати од страна на организаторите, доделени на студентите од нашиот тим.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0